ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да уценуваат никого. Избори ќе има во редовниот термин во 2024 година, реагираат од СДСМ по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се закаже седница за уставни измени веднаш по одморите.
-Сите нивни обиди за дестабилизација на државата, сите нивни лаги за наводна асимилација и бугаризација пропаднаа, тие веќе немаат никаков кредибилитет пред граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конфузни, наутро бараат референдум, а попладне предвремени избори.
Мицкоски веќе не знае што да направи за да ја спаси фотелјата во белиот дворец откако грбот му го свртеа коалициски партнери и други опозициски партии, се вели во реакцијата на СДСМ.
Мицкоски побара власта веднаш по одморите да закаже седницата на Собранието за уставни измени. Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот со цел да се впишат и Бугарите, тој рече дека наредниот ден ќе се повлече засекогаш од политиката. Но, во спротивно побара предвремени парламентани избори.