Избеганиот ексначалник Грујевски работел како пекар во Грција

by fokus

Министерството за правда нема механизам како да ги врати од Грција, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски.

Грујевски си нашол и работа на грчки остров, велат извори блиски до неговото семејство, јавува Сакам да кажам. Работел како пекар во кујна во ресторан на островот, чие име не го кажуваат соговорниците.

Грујевски и Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување, кое траело со години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Грујевски уште е обвинет и во предметот „Тврдина 2“ за незаконско палење на списи и документи на УБК, докази за масовно прислушување на граѓани, но и во предметот „Трезор“, заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, за незаконска набавка на опрема за прислушување од Велика Британија.

Бошкоски, пак, е еден од петтемина обвинети за целата организација и напад на Собранието на 27 април 2017 година. За него нема информација каде престојува со дозвола на грчките судски власти и што работи.

Грујевски и Бошковски се во бегство од 26 јули 2017 година, кога требаше да бидат спроведени во притвор, но полицијата не ги најде дома.

Поврзани новости