Изаири: Загадувањето ќе се решава со гасификацијата

by Фокус

Гасификацијата значајно ќе придонесе за подобрување на амбиенталниот воздух. Ќе треба време додека да се изгради, па понатаму ќе ни треба и секундарна и терцијарна мрежа низ градовите. Тоа е еден процес што ќе трае, но основите ќе бидат поставени оваа година, вели министерот за животна средина Нурхан Изаири во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Има краткорочни и долгорочни планови кои треба да придонесат за подобрување на амбиенталниот воздух. Владата сериозно размислува за овие мерки и ние кажавме дека оваа година ќе почнеме со гасификација низ целата територија на земјата. Гасификацијата значајно ќе придонесе за подобрување на амбиенталниот воздух. Впрочем, еден од најголемите индикатори за загадувањето се домаќинствата, греењето, а со гасификацијата ќе се придонесе до користење на централно греење, а исто така и домаќинствата ќе може да го користат гасот како можно решение, вели Изаири.

Поврзани новости