ИВЗ обвинува за полициски притисоци, МВР демантира

by Fokus

Исламската верска заедница обвини дека Министерството за внатрешни работи врши притисок преку влегување во џамиите низ целата држава особено во Скопје и околината. Ова, вчера го соопшти поглаварот на ИВЗ на неговата Фејсбук-страница.

Тој додава дека имаат писмени изјави од имами и верски работници за вршени полициски контроли во џамиите, по повод чествувањето на претстојниот верски празник Бајрам.

Од МВР пак велат дека обвинувањата се паушални и дека тие ниту има надлежност ниту пак се обидувале да наметнат влијание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот.

 

 

Поврзани новости