585
Исламската верска заедница им помага на мигрантите во транзитниот центар во Гевгелија, пренесува телевизијата АлсатМ.
Поглаварот Сулејман Реџепи, најави дека ИВЗ ќе овозможи и бесплатен превоз за бегалците низ Македонија.
– За сите оние кои се наоѓаат во овој камп, иако донесовме храна, хигиенски средства и сите неопходни елементарни средства за живот, сè уште не сметаме дека сторивме нешто. Ќе изнајмиме неколку автобуси и ќе се обидеме да добиеме дозвола од надлежните органи за транспортот на овие кутри луѓе до местата каде сакаат да стигнат, да им биде бесплатно – истакна Реџепи.