Богдановиќ: Повторно го одложија рочиштето, дали сакаат да го спасат тепачот?

by Фокус 09:51
09:51

Повторно е одложено судското рочиште во врска со физичкиот напад врз претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. Тој обвинува дека Скопскиот Основен суд го одложил најновото рочиште и дека нема никаков знак кога напаѓачот би си ја платил казната.

– На 7 мај оваа година бев крвнички нападнат без причина на сред улица, пред мојот дом, од страна на платеници на оваа криминална власт. За да биде случајот уште потрагичен, наредниот ден провладините медиуми објавија дека се работи за пресметка помеѓу навивачки групи, информција којашто и сведоците присутни на немилиот настан, меѓу кои и полициски службеник, видоа дека е неточна. Недела дена подоцна насилникот беше пуштен во домашен притвор, во исто време кога на триесетина млади луѓе, студенти и средношколци им беше одреден 30 дневен притвор во келии со најтешки криминалци – истакна Богдановиќ.

- Advertisements -

 

Поврзани новости