Ивона се врати на сцената со неверојатна трансформација, 40 килограми отидоа во неповрат!

by fokus

Пејачката и инфлуенсерка Ивона Јо се врати на настапите и ја покажа неверојатната трансформација. Со околу 40 килограми помалку, таа повторно е активна на сцената, откако кон крајот на минатата година откри дека на клиника во Турција направила кратење на желудник.

Кумановката која стана позната во јавноста по мотивирачките пораки за себеприфаќање и подигање на јавната свест кога се вишокот на килограми во прашање, како и пораките дека секоја жена е убава и може да го носи парчето облека кое го сака, денес изгледа сосема поразлично.

Резултатите од хируршкиот зафат се очигледни, а Ивона често објавува фотографии на кои се гледа трансформацијата.

Дваесетипет-годишната пејачка, која дебитираше на фестивалот за забавни мелодии ,,Макфест” пред четири години, без предрасуди зборува за периодот кога ја препознавале како пејачката со вишок на килограми, и не крие дека сега има здрави животни навики.

Течности, протеини, физичка активност, спиење по седум – осум часа, се дел од практиките кои редовно ги применувала, и кои помогнале килограмите да станат минато. Покрај деталите за трансформацијата, таа редовно објавува и информации за своите настапи во клубови во земјава.

Вики Клинчарова

Поврзани новости