Иво Котевски: Тужба за сите објавени и пренесени стории за наводната организираност со македонски анонимуси

by Фокус

Портпаролот на Минситерството за внатрешни работи, Иво Котевски, ги демантира сите текстови во кои се зборува за поврзаност на министерството со групата која се претстави како Македонски анонимуси.

-Јас лично, како Помошник на Министерот за внатрешни работи задолжен за Односи со јавност, најостро ги демантирам сите лаги и клевети објавени на неколку интернет портали за наводно организирање или каква било поврзаност со групата која што се претставила како македонски анонимуси. Кон демантот се приклучуваат и сите колеги наведени во текстот – се вели во демантот на Котевски.

Понатаму во демантот пишува дека ќе биде поднесена тужба за сите објавени и пренесени стории согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

Поврзани новости