1.8K
Иво Котевски, досегашниот портпарол на Министерството за внатрешни работи е новиот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Вест.
Откако Илија Димовски замина од функцијата кординатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, скоро две години се чекаше некој да седне на неговото столче во Центарот за комуникации на ДПМНЕ. Според договорот од Пржино, до утре на министерското столче во МВР треба да седне новиот министер од редовите на СДСМ, па оттука се поставува прашањето дали одлуката за заминување на Котевски од портпаролското место се поврзува со доаѓањето на новиот министер?