Лазо Велковски и Раде Јанковски најсериозни кандидати за нов министер во МВР

by fokus

Според договорот од Пржино, до утре Министерството за внатрешни работи треба да добие нов министер. Во јавноста веќе се вртат неколку имиња за тоа кој ќе седне во фотелјата на актуелниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, но засега од СДСМ не откриваат кои се кандидатите на нивната листа . Според неофицијални извори, „Фокус“ дознава дека едни од најзериозните кандидати за ова место се Лазо Велковски и Раде Јанковски, кој не се многу познати за пошироката јавност.

Велковски бил шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР, а Јанковски, кој потекнува од Струмица, сега е во пензија, а во 2006 годиина, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, од шеф на гранична полиција бил поставен за инспектор во полициската станица Центар.

На листата има  и поранешни министри, професионалци кои порано биле дел од полициските структури, но и припадници на други безбедносни институции. Наводно, како што неодамна објави „Телма“, во игра влегуваат и поранешниот министер Силјан Аврамовски, екс началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Мирослав Стојановски, поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров како и поранешните безбедносни функционери во МВР Горан Митевски и Зоран Доревски.

Новиот министер ќе има и двајца заменици, актуелниот Земри Ќамили, а дополнително и ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи уште еден заменик. Засега се шпекулира дека најверојатно тоа ќе биде актуелниот министер Митко Чавков.

 

 

 

 

Поврзани новости