736
Претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска верува дека истрагата за изгорената модуларна болница во Тетово ќе биде професионална.
Како што додаде таа во моментов нема простор за ДКСК да се вклучи во истрагата, затоа што „главниот играч“ (Јавното обвинителство) е веќе вклучено.
„Институциите си постапуваат. Најважно е постапувањето на Јавното обвинителство. Денес видовме дека беа контактирани и архитекти и машински инженери. Секако секој ќе си ја каже својата експертиза. Се надевам дека истрагата ќе биде професионална. Истражителите треба да ги утврдат причините. Во однос на јавната набавка, ЈО исто така си постапува, па останува да видиме“, посочува Ивановска во гостувањето во вестите на Сител.