Починаа 17 лица од корона вирус

by Fokus

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа пријавени се 17 починати лица. Од нив 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Поврзани новости