Според Антикорупциска комисија директорот на АД МЕПСО го злоупотребил дискреционото право кога ја вработил сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши, на оглас на кој се пријавиле дури 73 кандидати за тоа работно место. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, вели дека ова дискреционо право кое го овозможува Законот за работни односи, треба да биде исклучок, кога се појавуваат двајца или тројца кандиадти кои се исто бодувани и рангирани, а не во овој случај.
-Дискреционото право треба да биде ограничено, тоа може да се употреби кога од двајца или тројца кандидати одговорното лице треба да одбере еден со приближно еднакви резултати. Но од 73 лица да ја одбере токму сестрата е пречекорување на дискреционото право. Освен тоа интервју е основна алатка за спроведување на изборот, но тука нема никакви критериуми, нема рангирање на кандидати, а тоа законот не го бара изричито – вели Ивановска за Телма.