Ивановиќ стравувал за својата безбедност: Луѓето овде се плашат од Србите, а не од Албанците

by fokus

Четири дена пред да биде убиен, претседателот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, во интервју за срспки медиум изјавил дека стравува за својата безбедност. За состојбата во северниот дел на Косово, Ивановиќ рекол дека лоша и небезбедна.

„Се плашам дека во оваа нестабилна ситуација може да настрада некој што е невин, а морам да признаам дека и сам се плашам за својата безбедност“, изјавил Ивановиќ на 12-ти месецов.

За ситуацијата во Косовска Митровица тој неколку пати ги предупредувал домашните и меѓународните фактори. Тоа што планира да формира политичка партија, рекол дека ќе им смета на неколку поединци.

„Се надевам дека одговорните ќе ги сфатат нашите предупредувања“, изјавил тој.

Во последното интервју за неделникот „Време“, навел дека ситуацијата на Косово се влошила од неговото апсење и дека постои чувство на загрозеност и страв кај народот.

„Од стотина луѓе со кои разговарав во првите недели на слобода, нема ниеден кој не го постави пред се прашањето за безбедноста. Да се разбереме, тие луѓе не се плашат од Албанците, туку од Србите, од локалните кабадахии и криминалци кои се возат со џипови без таблици. Дрогата се продава на секој чекор, секој родител живее во страв поради тоа. Го имаше тоа и порано, но не во волкава мера и тие луѓе не се однесуваа толку разуздано како сега. Полицијата го гледа сето тоа и не реагира, па граѓаните се чувствуваа незаштитено, иако во косовската полиција на север сите се наши луѓе, Срби. Некои од нив се искусни полицајци кои претходно работеле во Министерството за внатрешни работи на Србија, но не преземаат ништо. За илустрација, во последните неколку години во Митровица имавме преку педесет случаи на опожарени автомобили, фрлање на рачни бомби и две неразјаснети убиства. Се тоа се случува на територија од два и пол квадратни километри, кои се целосно покриени со сигурносни камери. Очигледно дека полицијата се плаши да се замери со извршителите, или пак извршителите се поврзани со безбедносните структури. Некои велат дека полицијата е просто неспособна, али тешко ми е да поверувам во тоа. Мислам дека они се неспособни, но не толку“, реко Ивановиќ, пренесува b92.

Неговата сопруга, Милена Ивановиќ, непосредно пред убиството, исто така изразила загриженост за неговата безбедност.

„Што се не ни направија, останува уште еден по еден да не убијат“, рекла таа.

Ивановиќ беше смртно застрелан вчера утрината пред седиштето на неговата партија во Косовска Митровица, од автомобил во движење. Се сметаше за еден од најважните српски политичари во Косово.

Поврзани новости