-Се повикуваме на Меѓународната повелба на човековите права, а дозволуваме да се крши меѓународното право, резоулциите на ОН, Меѓународниот суд на правдата. Денес, додека мојата земја Република Македонија членува во Советот за човекови права, моите сограѓани се соочуваат со негирање на нивното право на идентите и јазик. Истиот македонски јазик на кој сега ви се обраќам. Овие две права се неразделиве дел ов човековата личност и од слободата на изразување. За овие права никој никогаш не прави компромис.
Ова денеска го истакнал македонскиот претседател Ѓорше Иванов при обраќањето на Високиот сегмент на Советот за човекови права во Обединетите нации во Женева..
Со Високиот сегмент денеска почна дваесет и осмата сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, кој ќе се одржува во наредните 4 недели.