476
Претседателот Ѓорѓе Иванов од денеска е во Брисел, каде ќе оствари средби со повеќе функционери меѓу кои и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
-Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов со неговите соговорници во Брисел ќе биде интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, како и актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Денеска Иванов ќе се сретне со потпретседателот на Европската комисија, Тимерманс, а утре со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.