Заев: Сите материјали кои ги имам ќе ги доставам до Специјалното обвинителство

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека сите материјали што ги има ќе ги достави до Специјалното обвинителство и никој нема право да ја скрие вистината од македонските граѓани. Ова тој го рече во интервју за Скај, одговарајќи на прашањето дали ќе ги приложи материјалите за Смилковско Езеро, А1 телевизија и Шпион.

-Специјалното обвинителство ја има таа историска одговорност да ја утврди вистина, да ја изнесе на виделина по институционален пат, а оние кои се огрешиле пред граѓаните и пред законот да ги соочи со сопствената вина и со правдата – истакнува Заев во интервјуто за порталот, кое ќе биде објавено во понеделник на пладне.

Поврзани новости