496
Неопходно е институциите да функционираат, со цел Македонија да се справи со предизвиците што не очекуваат, особено во контекст на мигрантската криза, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
– Политичките лидери во Македонија преземаа одговорност за справување со политичката криза, ги ставија своите потписи на документот што мора тие да го реализираат. Секое одлагање влијае и на нашето справување со предизвиците што не очекуваат. Нам ни е неопходно да се почитува договорот и датумите во тој договор за да можеме да имаме Влада со чист политички мандат што мора да се справува со овие пред се безбедносни ризици – рече Иванов.