Иванов: Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Македонија.

„Чествувањето на Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и ја симболизира богатата македонска традиција, која години наназад не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските“, стои во честитката на Иванов.

Поврзани новости