525
Претседателот Ѓорге Иванов утре, со почеток од 12 часот, ќе има годишно обраќање пред пратениците во собранието.
Тој го користи своето уставно право да ги извести пратениците за прашања од негова надлежност, но по неговото излагање се затвора седницата и пратениците може да го коментираат неговиот говор само на прес-конференции.
Настапот на Иванов нема да го проследат најголемиот број на пратениците на опозицијата на чело со СДСМ, кои го бојкотираат парламентот, но веројатно и оние на владејачката ДУИ, ако се има во предвид тие го бојкотираа неговиот избор за шеф на државата, откако не успеа нивното залагање за договорање на консензуален кандидат за оваа функција со ВМРО-ДПМНЕ.