Иванов со орден за заслуги го закити Игор Дурловски – организатор на протестите

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов денеска му даде Орден за заслуги за Македонија на директорот на Македонска опера и балет Игор Дурловски по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот, објави веб страницата на претседателот.

Дурловски е еден од организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“, кој пред извесно време, кога почнаа приведувањата поради насилството во Собранието, објави дека се повлекува од организацијата на протестите, но дека и понатаму ќе им дава поддршка.Токму учеството на Дурловски во протести кои се претворија во брутално насилство во законодавниот дом на државата предизвикува многу реакции и негодувања на социјалните мрежи, откако Иванов го додели орденот за заслуги.

Дурловски го прими орденот во име на МОБ, а претседателот обрзложи дека орденот и го доделува на таа инситуција поради нејзината улога во „победата на креативноста над деструктивноста и музиката над тишината“.

 

Поврзани новости