334
Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа литургија по повод големиот празник Рождство Христово – Божик со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г.. Стефан.
На литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По завршувањето на литургија тие на граѓаните со православна исповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост и среќа, мир и благосостојба.