Иванов се фати на оро во „Јеил“

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов, вчера одржа предавање за студентите на еден од водечките американски универзитети „Јеил“, за развојот на мултиетничкото општество во минатото на Балканот, во Византија и Отоманската Империја, и како тоа влијае врз денешниот модел на демократијата во Македонија, јави официјалниот фејсбук-профил на шефот на државава.

– Придружувани од виолина и тарабука, девојките од хорот беспрекорно ги изведоа и Јовано Јованке и Оддолу иде едно невестенце. Настапот на хорот кулминираше со изведбата на Македонско девојче, кога и девојките од хорот покажаа дека освен песните, научиле да го играат и македонското оро, при што им се придружија и претседателот Иванов и првата дама Маја Иванова, како и деканот на Теолошкиот факултет Грегори Стерлинг – стои на претседателскиот фејсбук-профил.

(фотографијата е преземена од фејсбук-профилот на претседателот Иванов)

Поврзани новости