СДСМ: Со апчиња со поминат рок власта ја решава жолтицата во Шутка

by Фокус

Apcinja so pominat rok 1Погледнете ги апчињата за дезинфекција на водата, што власта им ги дели на жителите на Шуто Оризари, во услови на епидемија. Рокот за употреба на апчињата е истечен во ноември 2003-та година! Апчињата се стари 11 години, обвини денеска Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

– Малку е што луѓето немаат елементарни услови за живот, немаат пристап до чиста вода, па и можноста да добијат средства за прочистување на водата им е одземена. Додека власта ва Груевски гради 18 милионско панорамско тркало во ризик од заразна жолтица, се бремени жени и деца. Апелираме до Никола Груевски, да го советува неговиот градоначалник Коце Трајановски, веднаш да дојде да види што се случува во оваа општина и да преземат мерки за заштита на граѓаните – додаде Царовска.

Град Скопје и надлежните претпријатија не се на терен во Шуто Оризари, вели Царовска.

– Нема свежа вода, како што тврдеше Град Скопје. Нема цистерни. Нема екипи од комуналните претпријатија што работат на чистење на отпадот. Токму овде, на улица „Пелагонија“ излеани се фекалии од поројните дождови, што дополнително може да биде ризик фактор за ширење на жолтицата. Од наши сознанија регистрирани се две нови дечиња, од О.У 26 јули, со заразна жолтица. Тоа говори дека жолтицата не стивнува како што велат од Центарот за јавно здравје. Тоа што не се преземаат никакви мерки придонесува кон зголемување на бројот на инфицирани.

 

Поврзани новости