Претседателот Ѓорге Иванов, вчера одржа предавање за студентите на еден од водечките американски универзитети „Јеил“, за развојот на мултиетничкото општество во минатото на Балканот, во Византија и Отоманската Империја, и како тоа влијае врз денешниот модел на демократијата во Македонија, јави официјалниот фејсбук-профил на шефот на државава.
– Придружувани од виолина и тарабука, девојките од хорот беспрекорно ги изведоа и Јовано Јованке и Оддолу иде едно невестенце. Настапот на хорот кулминираше со изведбата на Македонско девојче, кога и девојките од хорот покажаа дека освен песните, научиле да го играат и македонското оро, при што им се придружија и претседателот Иванов и првата дама Маја Иванова, како и деканот на Теолошкиот факултет Грегори Стерлинг – стои на претседателскиот фејсбук-профил.
(фотографијата е преземена од фејсбук-профилот на претседателот Иванов)