474
Шефот на државата Ѓорге Иванов во интервју во Дневник истакна дека „претседатели на држави“ го информирале за сценарија во Македонија, но одби да ги именува.
– Не само што сме перманентно известувани од партнерските служби, туку и претседатели на неколку држави лично ми соопштија детали за сценарија што се подготвувани за Македонија и за она што допрва не очекува. Има информации и од нашите служби кои сега не можам да ги соопштам јавно. Треба да се знае и дека беа мобилизирани и активирани и одредени криминални структури и поранешни затвореници за да прават нереди и насилство во државата. Нашите служби заслужуваат пофалба за тоа што информираа и превенираа навреме – вели Иванов, во интервју за весникот „Дневник“.