514
Пречките за определување мандат се уште не се отстранети, велат од Кабинетот на Ѓорге Иванов, по повиците од СДСМ Иванов веднаш да го додели мандатот на Зоран Заев, пренесува А1Он.
-Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада се уште не се отстранети, се вели во ставот од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Во обраќањето на 1 март, Иванов од лидерот на СДСМ Зоран Заев побара јавно и јасно да ја отфрли и осуди тиранската платформа, со која, според него, се доведуваат во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани.