ДС: За сите прашања од национален интерес да одлучуваат граѓаните на референдум

by fokus

Демократскиот сојуз смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска Влада од партиите кои имаат парламентарно мнозинство.

-Државата ја карактеризираат четири круцијални елементи: НАРОД, ЈАЗИК, ТЕРИТОРИЈА И СУВЕРЕНО ВЛАДЕЕЊЕ СО ТЕРИТОРИЈАТА. Овие клучни елементи со ништо не се загрозени ниту од внатре ниту постои надворешна закана. Симболи на државата се знамето, грбот и химната. За промена на овие симболи е потребна согласност од најмалку 81 пратеник или над 50% од граѓаните да се изјаснат на референдум за промени. Демократскиот сојуз предлага наместо Парламентот, за сите прашања од национален и државен интерес, на референдум да одлучуваат граѓаните, вклучително и за промени сврзани со симболите на државата. На овој начин силната манипулативна партиско- медиумска кампања ќе се распадне и кај граѓаните ќе зајакне определбата дека само со мирна промена на власта ќе се обезбеди владеење на правото, како основна гаранција за индивидуалните и колективните права и слободи, се вели во соопштението на ДС.

Демократскиот сојуз оценува дека не е загрозен унитарниот карактер на државата, нема никаков заговор за поделба и рушење на државата, ниту пак идеи или поддршка за промена на уставното име Република Македониј

Поврзани новости