СДСМ преку јавен повик ќе избира уредник на МРТВ

by fokus 16:48
16:48

СДСМ ги повикува сите поединци професионалци и организации сами да се кандидираат  за местата главен и одговорен уредник на МРТВ како и за членови на ад хок телото за мониторинг на медиумите во предизборниот период.

– Граѓаните имаат право да ја слушнат вистината, а не само партиски платени лаги. На Р.Македонија и се неопходни фер и демократски избори. Такви избори се невозможни ако медиумите не известуваат објективно и професионално.  Заради тоа, МТВ не смее да е телевизија на ВМРО-ДПМНЕ ниту на која било друга партија. МТВ е на граѓаните и СДСМ го почитува и ќе го почитува тоа, порача денеска Шеќеринска.

Ова следува по договорот помеѓу четирите најголеми политички партии, на чело на Јавниот сервис да застане човек предложен од опозицијата 100 дена пред избори.

Поврзани новости