Претседателот Ѓорѓе Иванов попладнево го прими бугарскиот амбасадор Иван Петков, кој му ги претстави приоритетите и програмата на бугарското Претседателство со Советот на Европската унија во периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година.
-Зголемениот интерес на Европската унија за регионот укажува на тоа дека постои позитивна политичка клима за проширувањето на Унијата, што е исклучително важно како за Македонија така и за целиот регион. Претседателството на Република Бугарија е одлична шанса за искористување на оваа позитивна политичка клима, му порачал Иванов на Петков.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов посака успешно спроведување на програмата на бугарското претседателство и успех во реализацијата на приоритетите, изразувајќи задоволство што меѓу главните е европската перспектива на регионот.