378
Сите политички фактори да делуваат одговорно, да се ангажираат во конструктивен дијалог во насока на институционално решавање на сите предизвици, согласно Уставот и законите на Република Македонија.
Ова, како што соопштија од претседателскиот кабинет, го изјавил претседателот Ѓорге Иванов на средбата со бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов.
„Во тој контекст, македонскиот претседател укажа на последиците од статус-кво состојбата со македонските евроинтеграции кои излегуваат на површина во моменталната политичко-безбедносна состојба во Македонија“, стои во соопштението.