Иванов: Парите на американските државјани Сорос ги користел за насилство во Македонија

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за унгарската национална телевизија, одговарајќи на прашањето која е улогата на Сорос во Македонија вели дека Република Македонија „е жртва на октроирано цивилно општество кое го октроираат странски цивилни фондации и кои ги креираат активностите на невладините актери“.

„Видовме дека средства од американските државјани, од даночните обврзници на САД, се префрлани во фондацијата која го носи името на Сорос и се користеле дури и за насилни акции. Една од нив беше и палењето на Народната канцеларија. И без грижа на совест тие тврдат дека тоа било протест, односно начин на делување на таквите организации, изјави македонскиот претседател.

Тој вели дека случаи поврзани со Сорос сега се отвораат и во американските институции.

– Ќе видиме какви ќе бидат резултатите, и од истрагите и од постапките и од отворањето на таа тема, вели претседателот во интервју за унгарската телевизија.

Иванов вели дека областа која ги опфаќа невладините организации е премногу либерална и дека на некој начин треба да се регулира.

– Да се знае кој дава пари, од каде доаѓаат тие пари, која е целта на тие големи милионски суми кои влегуваат без никој да ги контролира и едноставно да создаваат проблеми кои што не можат толку брзо да се совладаат – вели македонскиот претседател во интервјуто за унгарската телевизија.

Поврзани новости