Никогаш нема да се согласам Македонија да биде бинационална држава, истакна претседателот Ѓорге Иванов, во своето годишно обраќање.
„Македонија е унитарна држава на сите нејзини граѓани. Слушам дека се бара двојазичност, тоа е затворено со аманданот број 5. Службената употреба зависи од статистиката, а единствен начин за добивање на точна статистика е пописот. Без попис на населението неможе да се бараат права што произлегуваат од статистиката“, рече Иванов и додаде дека недозволиво е некои лидери да ги ставаат на преговарачка маса интерсите на државата.
„Во име на граѓаните ги предупредувам да внимаваат што прават, да не помислат во постизборните комбинаторики да разговараат и да преговараат за државните интереси. Никој нема мандат да ја прекројува државата“ рече Иванов.
Новата влада, порача Иванов, треба да има два приоритети – заштита на државните интереси, што подразбира зацврстување на унираниот карактер на државата и реформа на системот за безбедност на државата – разузнавањето, армијата, граничната полиција да се трансформираат за да ја заштитат националната безбедност на државата.