365
Ниту на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти, изјави претседателот Ѓорге Иванов, по последната одлука на Уставниот суд поврзана со Законот за помилување.
– Би сакал да им порачам на граѓаните да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, нарко-дилери, силеџии на избори, терористи, екстремисти. Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и е во интерес на државата – изјави претседателот Иванов.