511
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Дојран ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев, кој претходно ќе прусуствува на комеморативна церемонија во Ново Село, каде во организација на Фондацијата „Бугарска памет“ ќе се одбележи Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија.
Иако првиот човек на бугарската фондација Милан Врабески минатиот месец за бугарската агенција БГНЕС изјави дека Радев и Иванов ќе присуствуваат на настанот во Ново Село, сепак, Иванов одбил да учествува и избрал средба друга локација, со образложение дека не станува збор за државна церемонија.
Бугарскиот претседател дојде во посета на Македонија во фебруари годинава, кога се сретна со Иванов, кој, пак, треба да ја посети Софија во јуни.