395
Претседателот на државата нема став за одлуката на Уставниот суд тој да може да помилува осудени за изборни измами, силувачи, педофили и терористи. Од Кабинетот на Ѓорѓе Иванов велат дека претседателот и досега не коментирал одлуки на Уставниот суд.
-Претседателот досега не коментирал ниту иницијативи ниту одлуки на Уставниот суд, е кусиот коментар од Кабинетот на претседателот.
Без коментар e и поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, во чие време беше донесен закон со кој Претседателот на државата може да помилува единствено по предлог на министерот за правда, односно постапката ја поведува министерот.