341
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, денеска на пладне ќе има свое обраќање пред пратениците во Собранието. Датумот и тајмингот Иванов ги побарал од претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Претседателот традиционално држи предновогодишен говор во Собранието, каде во минатото повикуваше на помирување и одговорност од сите политички партии.