393
Македонските лидери мора преку дијалог да дојдат до решение со кое ќе се надмине политичката криза што поскоро, порача претседателот Ѓорге Иванов.
– Македонските граѓани со вознемиреност гледаат како со секоја наредна политичка криза менталните ѕидови се надградуваат, а политичките ровови се продлабочуваат. А, од високите ѕидови и од длабоките ровови сè потешко е да се види човечкото лице на политичкиот противник – рече Иванов.