Иванов молчи пред СЈО

by fokus

-Сѐ уште очекуваме претседателот Ѓорге Иванов да овозоможи реализација на правдата. Правдата не смее да има селективен пристап и не смее да се затскрива вистината. Сѐ уште го очекуваме одговорот од Иванов за тоа од каде има информации за осомничените лица во нашите постапки, изјави на прес конференција обвинителката Ленче Ристоска, портпарол на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
СЈО води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица.

– Не сме во можност да споделиме повеќе информации за нашите постапки, но тука сме и работиме постојано. Голем дел од нашите постапки се фокусирани на финансиски истраги кои бараат време да се собере и анализира доказниот материјал – рече таа.

На пресот имаше прашања и за сведокот Крпач за кого беше посочено дека тој имал информации и за друг, неспоменат предмет во јавноста, не само за провизиите на власта.

-Не даваме повеќе информации за Крпач затоа што ќе наштетиме на истрагата на Основното јавно обвинителство. Ние ги доставивме сите информации до нив за да им помогнеме. ВО овој момент најважно е дека ние веруваме дека тоа обвинителство ќе постапи професионално и објективно и дека ќе се расчисти случајот. Но коментари и податоци нема да изнесуваме за Крпач, рече Ристоска.

Некои од новинарите на провладинит емедиуми реагираа зошто Мирослав Грчев е избран за вештак во тимот на Јанева, на што Ристоска објасни дека тие побарале од Архитектонскиот факултет да им се определи стручно лице и институцијата го сторила тоа.

Таа наброја дека Иванов со аболицијата изоставил во речиси сите предмети на СЈО по неколкумина против кои постапките и натаму течат.

Ристоска изрази загриженост за неточни информации поврзани со нивната работа во одредени медиуми и најави дека СЈО на својата веб страница ќе објавува неделен преглед на изјави кои Јавното обивнителство ги дало на новинарски прашања.

Поврзани новости