Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие, рече претседателот Ѓорге Иванов на 28. годишна сесија на Форумот „Кран Монтана“ во Барселона.
Според него Македонија направи многу за безбедноста на Европа, а сè уште се третира како трета земја.
-Во случајот со мојата земја, воопшто, не се почитува меѓународниот договор склучен со една наша соседна земја, а кој создава меѓународно правни обврски. Како тоа да не е доволно, имаме и пресуда на Меѓународниот суд на правдата во Хаг која сите ја игнорираат, небаре не постои. Македонија направи многу за безбедноста на Европа, а сè уште се третира како трета земја, па дури и пристапот кон одредени безбедносни инструменти на ЕУ ни е ограничен, иако станува збор за платформи за размена на податоци во корист на целиот континент. Македонија е пример за тоа како една земја може да биде предмет на двојни стандарди кои се граничат со лицемерие, рече Иванов.