369
Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во амбасадата на Република Турција во Скопје се потпиша во книгата на жалост, отворена по терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул, соопштија од неговиот Кабинет.
-Во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и ве охрабрува решително да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на вашите граѓани и поредокот на вашата држава. Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности. Нашите мисли и молитви се со вас и со семејствата на жртвите, напишал претседателот Иванов во отворената книга на жалост во амбасадата на Република Турција.