Тензично пред просториите на СПУКМ, Пленумот повика и полиција

by fokus 18:20
18:20

Откако од СПУКМ насилно ги украдоа гласачките кутии и од УКИМ ги однесоа во своите канцеларии, студенти и претставници на Студентскиот пленум отидоа пред СПУКМ.

Претставници на Студентскиот пленум влегоа во канцелариите и бараат објаснување од Студентскиот парламент да им објаснат зошто насилно ги однесоа гласачките кутии од УКИМ, и покрај тоа што според Статутот, гласовите треба да се бројат на лице место.

Од Пленумот повика и полиција во СПУКМ поради поради нарушување на јавен ред и мир и насилство од страна на претставници на Парламентот. Полицијата во моментот влезе во канцелариите.

 

Поврзани новости