535
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе одржи средба со новиот српски претседател Александар Вучиќ.
Иванов вчера присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на Вучиќ, каде присуствуваа околу пет илјади гости, меѓу кои и премиери, министри, претставници на дипломатскиот кор од регионот, Европа и светот.
Меѓу присутните беше и еврокомесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан како и заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји.