СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ направи долгорочни штети врз инфраструктурата

by fokus 11:33
11:33

Огромните пропусти во изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци – Штип предизвикаа огромни штети врз потребите и интересите на граѓаните и угледот на државата, реагираат од СДСМ.

„Брзајќи да ги добијат своите договорени провизии за кои слушна целата јавност, Никола Груевски и неговите соработници ги погазија интересите на граѓаните, предизвикувајќи долгорочни последици и дополнителни финансиски импликации.

Зад таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата постојат единствено криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство токму за автопатите Кичево –Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој беше под истрага и на Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ.

СДСМ, преку новата Влада што ја предводи активно работи во интерес на граѓаните и на поправање на штетите што ги создаде ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и на автопатот Кичево – Охрид. Ќе има санација на сите штети, но и одговорност за секое работење спротивно на интересите на граѓаните и државата и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните“, обвинија од владејачката партија.

Поврзани новости