545
Претседателот на државата Ѓорге Иванов ја повлече аболицијата за 22 од вкупно 54 лица, колку што аболираше пред еден месец со цел, како што најави, национално помирување и окончување на кризата.
Тој истакна дека и другите аболирани може да ја искористат законската можност да побараат повлекување на одлуката за аболиција, но не кажа по кој критериум ја повлекол аболицијата токму за овие 22 лица.
Ова следува по жестокиот притисок од домашната опозиција и меѓународната заедница за повлекување на аболицијата, а таква законска можност му обезбедија владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.