881
Истиот ден кога целосно ја поништи аболицијата за политичари, претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на нови 26 лица.
Меѓу помилуваните се Љубица Каровска, која беше осудена на 11 месеци затвор, бидејќи со лажна факултетска диплома работеше како лекар во Здравствениот дом во Кавадарци.
Со новите помилувања на Иванов, две лица се ослободени од издржување казна казтвор, на шестмина затворските казни име се заменуваат со условни казни од три односно две години, а 20 осуденици делумно се ослободуваат од казната, пишува во вчерашниот број на „Службен весник”.