Судската администрација утре на протест пред Министерство за правда

by fokus

Судската администрација утре ќе го заврши едномесечниот штрај со протест пред Министерството за првда. Тие ќе побараат средба со министерот, а доколку тоа не се случи ќе бараат негова оставка.

Очекуваме утре конечно министерот да најде време и да се состане со претставниците на работниците. Убедуваме дека нашите барање се едноставни и брзо решливи, но за тоа ни треба дијалог со министерот кој упорно тврди дека има многу поважни работи од разговор за проблемите на работниците. Доколку министерот и утре одбие да поразговара за проблемите на овие работници, ние ќе му дадеме „црвен картон“ и ќе побараме негова оставка, рече претседателот на Синдикатот на управата правосудните органи и заедниците (УПОЗ), Пецо Грујовски.

Синдикатот бара промена на два члена од Законот за судски службеници со кои се изедначуваат со платите и правата со останатите вработени во судовите.

Поврзани новости