Компанијата Иванов Инженериг реагира на текстот во неделникот Фокус за бројните договори за јавни набавки што ги склучила оваа компанија, чија подружница во Прилеп, според официјални податоци од надлежните институции, е регистрирана на домашна адреса на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
„Адресата која ја цитирате како седиште на компанијата е променета и во моментов подружницата е регистрирана на Александар Македонски бр. 10. Ние како компанија никогаш немаме склучено договор за закуп на простор на ул. Браќа Ламески бр 32. Подружницата претходно беше на оваа адреса исклучиво поради тоа што соработувавме со една странска компанија како надзор на проект каде од време на време само нашите вработени – надзори користеа дел од просторот – се наведува во реакцијата од фирмата „Иванов инженеринг“.
Иако од компанијата реагираат дека подружницата пред една година ја сменила адресата, тековната состојба од Централниот регистер јасно покажува дека адресата на фирмата е на улицата Браќа Ламески бр.32 во Прилеп, која во јавноста е позната како семејна куќа на екс министерот Јанакиески.