Ванхауте: Груевски сака да владее по секоја цена, ЕУ не смее да молчи!

by fokus

Белгискиот експерт и поранешен посредник во преговорите, Питер Ванхауте, коментирајќи ја ситуацијата на политичката сцена, на Твитер порача дека доколку ВМРО-ДПМНЕ добие уште еден мантат за состав на влада, тоа би било противуставно, а ЕУ не смее да го игнорира. Според Ванхауте, Никола Груевски сака да владее само според негови услови, гледајќи ги албанците како граѓани од втор ред.

-Сега, само можеме да чекаме претседателот да одреди друг да ја формира владата. Иако во Уставот не е наведено детално, јасно е дека, во линија со меѓународно прифатените демократски стандарди, мандатот сега треба да и се даде на втората партија на листата.

Груевски не преговара како поединец, туку како ошеф на ВМРО-ДПМНЕ, претставувајќи ја партијата во преговорите за формирање нова влада. Сега, да се одреди некој друг од истата партија би била тешка грешка, против духот на Уставот, против демократските стандарди, и ќе резултира само со натамошни одлагања. Ако претседателот одреди некого од истата партија повторно, тоа ќе биде јасен сигнал дека тоа е можност за нови избори, заедно со претстојните локални – сонувајќи дека така ќе ги добијат на двојни избори.

Сувереноста е една работа, но меѓунардоната заедница, вклучувајќи ја ЕУ, не треба да остане тивка ако основните демократски стандарди не се почитуваат. Да не заборавиме дека Македонија се уште има амбиција еден ден да стане членка на ЕУ и НАТО, две организации во кои демократските стандарди се пресудни за секој кој сака да се придружи- пишува Ванхауте

Поврзани новости