597
Претседателот на државата Ѓорге Иванов утре патува за Истанбул каде ќе учествува на Светскиот хуманитарен самит во организација на Обединетите Нации.
Како што соопштија од неговиот кабинет, Иванов ќе се обрати на на пленарната сесија на тема „Политичкото лидерство во превенирање и решавање конфликти“ и ќе учествува на лидерскиот сегмент, заедно со останатите шефови на држави и влади.
На специјалната сесија, посветена на жените и децата во регионите зафатени со криза, ќе учествува и сопругата на претседателот, Маја Иванова.
На Светскиот хуманитарен самит е најавено учество на околу 5.000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од педесетина земји.